Јусеин Болт ја потврди доминацијата во најбрзата спринтерска дисциплина во атлетиката победувајќи со време (9.81) во финалето на 100 метри на Олимписките игри.
Спринтерот од Јамајка целта ја помина пред Џастин Гетлин кој заврши на втората позиција со време (9.89). Бронзениот медал му припадна на Андре де Грас со време (9.91).
За најбрзиот човек на планетата ова е трет златен медал по ред на Олимписките игри во дисциплината 100 метри, што никогаш на никој атлетичар во било која дисциплина не му успеало.
OhridNews