Кошаркарскиот „дрим тим“ од Америка уште на стартот од Олимписките игри ја демонстираше силата победувајќи ја Кина со убедливи 119-62.


Дилемите околу победникот, очекувано американците ги разрешија уште во првата четвртина која ја добија со 20 поени.

Во преостанатите три американците се забавуваа и полнеа кошот на кинезите кои немаа одговор за брзата игра на кошаркарските вонземјани.


Победа во првата рунда од групната фаза забележа и Србија над Венецуеала 86-62.

Резултати: Кина – Америка 62-119, Австралија – Франција 87-66, Србија – Венецуела 86-62.

OhridNews