Кошаркарската селекцијата на Америка составена од НБА играчи ја задржа стопроцетната ефикасност победувајќи ја Србија со 94-91 во четвртата рунда од групната фаза на Олимписките игри во Рио.
Американскиот „дрим тим“ одлично го започна мечот, но како што одминуваше времето србите резултатски се доближуваа.
Во финишот, последниот напад им припадна на србите, Богдан Богдановиќ шутираше три, нереализираше и „дрим тимот“ се израдува на нова победа.
Дека играчите од НБА лигата се инспирација на србите покажаа неколкуте нивни акции на кои искрено можат да им подзавидат и ѕвездите од рангот на Дурент, Ентони, Томпсон.
OhridNews