Американецот Мајкл Фелпс е најтрофејниот олимпиец на сите времиња. Со двата освоени медали сребрен на 200 метри пеперутка, и златен во штафетата 4 по 200 метри, тој стигна до 19 медал во неговата олимписка кариера.

На трите олимпијади на кои што настапи, Атина 2004, Пекинг 2008 и Лондон 2012, неприкосновениот пливач освои 15 златни, 2 сребрени и 2 бронзени одличја.

Претходниот рекорд со 18 освоиени медали го држеше Руската гиманстичарка Лариса Латињина со 18 олимписки медали (девет златни, пет сребрени и четири бронзени)