Мајкл Феплс изгуби во дисциплината 100 метри пеперутка од сингапурецот, Џозеф Скулинг кој до златото стигна со нов светски рекорд (50,39).


Најтрофејниот олимпиец на сите времиња, Фелпс второто место го подели со уште двајца пливачи Чад Ле Клос и Ласло Чех со кој во исто време стигна на целта.


После освојувањето на 26-от медал од Олимписките игри, „балтиморскиот куршум“ најави повлекување. – После 24 години поминати во спортот и после се што имам направено, среќен сум како завршија работите. Подготвен сум за повлекување и среќен поради тоа. Останатите пливачи ме наговараа да се појавам во Токио, но ништо од тоа јас се повлекувам. Сега конечно ќе имам време за мојот син. – рече Фелпс.


Последна шанса за медал Американецот ќе има на 4 пати по 100 метри мешано, каде со неговите колеги се најголеми фаворити.

OhridNews