Европскиот првак, Шпанија против селекцијата на Литванија го покажа вистинското лице победувајќи ја со неверојатни 50 поени позитива (109-59).


Со триумфот над литванците, кошаркарите на Шпанија се вратија во игра за местата кои водат во четвртфиналето на Олимписките игри.

Наспроти нив, Хрватска добрите игри на ОИ не успеа да ги продолжи и претрпе неочекуван пораз од Нигерија 90-76.

„Коцкастите“ ги закомпликуваа работите многу во Б групата во која сите селекции имаат шанса за пласман во четвртфиналето во пресрет на последната рунда.

Во последната рунда Шпанија игра против Аргентина, Литванија со Хрватска, а домаќинот Бразил ќе ги одмери силите со Нигерија.

OhridNews