Кошаркарскиот тим од соништата на Америка ја забележа втората победа во групната фаза од Олимписките игри, откако славеше со убедливи 113-69 над составот на Венецуела.


НБА ѕвездите доминираа од почетокот до крајот на мечот, а својот квалитет најдобро го покажаа во втората четвртина која ја добија со 30-8.

Американците со често ротирање на составот ја одржаа свежината во екипата и забележаа втора и овој пат убедлива победа.

Втората рунда од А групата се комплетираше со мечот Франција – Кина на кој победија „триколорите“ со 88-60.

По два одиграни натпревари на чело на табелата се Америка и Австралија, потоа следуваат Србија и Франција, а на претпоследната и последната позиција се наоѓаат Венецуела и Кина.

OhridNews