Селекцијата на Австралија и го зеде скалпот на Србија победувајќи ја со убедливи 15 позитива (95-80) во втората рунда од групната фаза на Олимписките игри во Рио.
Србите имаа плус три на одморот и плус еден пред почетокот на последната четвртина, но „кенгурите“ одиграа во транс погодуваа од секаде и го торпедираа составот на Александар Ѓорѓевиќ.
Австралијанците со триумфот над Србија и над Франција претходно крупно чекори кон втората позиција бидејќи првата резервирана е за „дрим тимот“ на Америка.
Во третата рунда Србија ќе се сретне со Франција додека Австралија ќе ги одмери силите со ѕвездите од НБА лигата.
OhridNews