Пливачите бараат било како начин да бидат побрзи во водата, со што би оствариле подобро време и подобар пласман. Еден нов мал трик на големите пливачи на Олимписките игри во Рио е носењето на две капи. 


Првата капа која е направена од латекс пливачите ја носат поради стабилноста на наочарите додека втората која е од силикон ја носат за брзина во водата.


По две капи во базените на Олимписките игри носат американците Кејти Ледецки и Мајкл Фелпс, Унгарката Катинка Хосу и другите пливачи носители на златни одличја.

OhridNews