Британскиот тенисер, Енди Мареј на Олимпијадата во Рио ја одбрани титула освоена во Лондон, победувајќи го Хуан Мартин дел Потро во финалето со 3-1 во сетови (7-5, 4-6, 6-2, 7-5).


Мареј во финалето кое траеше четири часови и четири минути го доби Аргентинецот кој на патот до финалето ги елиминираше Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.


По двата сетови резултатот беше егал, а вториот светски носител во третиот и четвртиот сет додаде гас, а Дел Потро немаше одговор за прецизната игра на Мареј.


Во малото финале Кеи Нишикори го совлада Рафа Надал со 2-1 во сетови и го освои бронзениот медал.

OhridNews