Селекцијата на Хрватска во втората рунда од групната фаза на Олимписките игри ја забележа првата победа совладувајќи ја Аргентина со тесен резултат 27-26.


Новите правила во ракометот кои стапија во сила токму Олимпијадата во Рио и доносеа победа на Хрватска.

Аргентина имаше последен напад за победа, Домагој Дувњак ја искористи невнимателноста на „гаучосите“ пресече топка и веднаш тргна кон голот кој беше празен. Но, беше фаулиран, а новите правила гласат дека играч ако биде фаулиран а голот биде празен е удар од седум метри.

Дувњак ја презеде одговорноста и не погреши и донесе првата радост за „коцкастите“ и мир во куќа после поразот од Катар во првата рунда.

Резултати: Египет – Шведска 26-25, Хрватска – Аргентина 27-26.

Група А: Франција 4, Данска 4, Катар 2, Хрватска 2, Аргентина 0, Тунис 0.

Група Б: Германија 4, Словенија 4, Египет 2, Бразил 2, Шведска 0, Полска 0.

OhridNews