Сензацијата во пливачките натпревари доаѓа од Литванија. 15-годишната пливачка Рута Меилутите стана олимписка шампионка, откако патеката на 100 метри градно ја исплива – 1:05.47. Во “тилот“ на Рита гледаа Американката Ребека Сони и Сатоми Сузуки од Јапонија.


Во женска конкуренција на 100 метри грбно злато го освои Американката Миси Френклин, втора на целта стигна Емили Сибом од Австралија, а трета Аја Теракава од Јапонија.

Кај мажите на трката на 100 метри триумфираше Американецот Метју Греверс со време на олимписки рекорд 52.16 секунди, пред својот сонародник Ник Томан, а бронзата ја освои Риосуке Ирие од Јапонија.


По златниот медал во штафетата  Французинот Јаник Ањел беше најбрз на 200 метри слободно пред Таехван Парк од Јужна Кореја и Јанг Сун од Кина кои освоија сребрени медали.

ohridnews