Најдобрата светска тенисерка, Серена Вилијамс мечевите на Олимписките игри во Рио ги заврши во третата рунда претрпувајќи пораз од Елина Свитолина во два сетови (6-4 и 6-3).
Олимпискиот подиум во женска конкуренција ќе добие нова тениска владетелка бидејќи Серена пред четири години во Лондон победнички се искачи и во Рио ја бранеше титулата.
Украинката со елиминацијата на Серена и се реваншираше за поразот во 4-та рунда од Роланд Гарос, каде Американката славеше во два сетови.
Изненадувањата во Рио после Свитолина ги продолжи Порториканката, Моника Пиуг која ја совлада Гарбин Мугуруза во два сетови (6-1, 6-1).
OhridNews