Кошаркарската селекцијата на Хрватска приреди големо изненадување на Олимписките игри совладувајќи го тимот на Шпанија 72-70.


Шпанците одлично го започнаа мечот и поведоа со плус осум (21-13) по првата четвртина. „Коцкастите“ се консолидираа и намалија два поени за минус шест на одморот.

Во третиот период „фуријата“ ја одржа предноста, а вистинска драма се одвиваше во решавачкиот последен квартал.

Шпанија имаше два поени негатива и последен напад. Топката очекува замина кај По Гасол кој најде простор и се крена на шут, но од сенка Дарио Шариќ се појави и го изблокира Шпанецот за голема радост на хрватските кошаркари.


Победа во првата рунда од Б групата забележа и Литванија која со 82-76 го совлада домаќинот Бразил.

OhridNews