Селекциите на Србија и Америка ќе ги одмерат силите во финалето од кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Рио.
Србите ја збришаа Австралија победувајќи ја со 26 поени разлика (87-61) во 1/2 финалето додека НБА ѕвездите со 82-76 славеа против Европскиот првак, Шпанија.
Двете репрезентации во групната фаза еднаш ги вкрстија копјата, а триумфираше Америка со три разлика.
OhridNews