Елена Исинбаева, најдобрата во историјата во дисциплината скок со стап, не успеа во намерата да го освои и третиот последовен златен медал на Олимписките игри.

Русинката која беше златна во Атина 2004 и Пекинг 2008 година, на 30-те Олимписки игри во Лондон стигна само до бронзениот медал. Исинбаева во финалето прескокна 4,70 метри.

Златниот медал, во скок со стап го освои Американката Џенифер Сур, таа прескокна 4,75 метри и имаше подбра серија во финалето од Кубанката Јарислеј Силва, која накрајот мораше да се задовoли со сребрениот медал.