Жо-Вилфред Цонга и Милош Раониќ влегоа во аналите на Олимписките игри, откако го одиграа најдолгиот тениски меч во историјата. Маратонскиот меч помеѓу францускиот и канадскиот тенисер траеше три часа и 56 минути, а Цонга победи со 6:3, 3:6, 25:23.

Во следната рунда Цонга за противник ќе го има победникот од дуелот помеѓу Хуан Монако и Фелисијано Лопез.

Пласман во третото коло на турнирот избори и вториот носител Новак Ѓоковиќ кој експресно со 6:2, 6:1 го совлада Енди Родик. Ѓоковиќ, во третото коло ќе игра против уште еден ветеран, Лејтон Хјуит кој во два сета го победи Марин Чилиќ.

Домашниот миленик Енди Мареј беше подобар од Јарко Ниеминен и во следната рунда ќе игра против Маркос Багдатис кој го победи Ришар Гаске.

Ohridnews