Од вкупно запишаните 4625 граѓани во избирачкот список за општина Дебрца, на референдумот на кој жителите на општината имаа можност да се изјаснат за или против изградба на депонија, излегле 3149 граѓани или 68%.
Како што информираат од Општинската Изборна Комисија на Дебрца, од излезените граѓани ПРОТИВ изградба на регионална депонија се изјасниле 2746 или 87 %, додека ЗА изградба се изјасниле 297 или 13% од вкуно излезените граѓани.
Општинската изборна комисија Дебрца констатира дека референдумот, што се одржа на 15-ти октомври заедно со локалните избори, е успешен.
OhridNews












