Општинската изборна комисија ги објави првичните неофицијални резултати од локалните избори што вчeра се одржаа во Охрид. Во трката за градоначалник во втор круг влегуваат Александар Петрески од СДСМ и Кирил Трендафилов Нанче од ВМРО ДПМНЕ.

Петрески освоил 13783 гласови и има мала предност пред кандидатот на владејачката партија, Кирил Трендафилов – Нанче кој освоил 12 985 гласа. Следуваат, Ацо Попоски – 2 964; Томе Гиноски – 1 287; Васфи Доко – 824 и Боро Павлоски – 611.

Најмногу советнички места освоила ВМРО ДПМНЕ – 9, а од независните, само листата под реден бр. 13 “.В.Ц.“ ќе има претставници во Советот.

Резултати Советнички листи:

1. ВМРО ДПМНЕ – 9
2. СДСМ – 7
3. НСДП – 2
4. ВМРО НП – 2
4. Група избирачи „В.Ц.“ – 2
5. ПЕИ – 1

OHRIDNEWS