ОК ВМРО ДПМНЕ Дебрца го поздравува назначувањето на Зоран Ногачески за претседател на ОО СДСМ.

-Имајќи го фактот дека Ногачески беше член на ВМРО ДПМНЕ и носеше функција на секретар на ОК ВМРО ДПМНЕ Дебрца до 2008 година станува јасно зошто ВМРО ДПМНЕ со ваквите полтрони на СДСМ не успеа 16 години да ја преземе власта во Дебрца. Но ни со ваквите полтрони и двојни личности на СДСМ не успеаја да се спасат од поразот кој им беше нанесен на изминативе локални избори од ВМРО ДПМНЕ и пред се од жителите на Општина Дебрца.Тие знаат да препознаат која партија и кој поединци биле кочничари во развојот на Општина Дебрца. Оттука, ВМРО ДПМНЕ продолжува понатаму да чекори со млади сили но и со искусни кадри кои останале доследни на ВМРО ДПМНЕ за разлика од различни инфилтрирани полтрони олицетворени во Зоран Ногачески кои мислат само како да седнат на удобни фотељи.- се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Дебарца.

OhridNews