Градоначалникот на Општин Дебрца ги загрозува човековите слободи преку инсталација на видео надзор на општината спротивно на тврдењата кога дојде на функцијата, обвинува Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ – Дебрца. Опозициската партија со принт скрин од објава на Фејсбук статус го потстети градоначалникот Ногачески каков став по ова прашање имал при доаѓање на функцијата.
-Граѓаните на општина Дебрца во очекување се градоначалникот да излезе со најнов facebook статус “Моментот кога го вклучувам видео надзорот во Општината”, како што тоа го направи пред две и повеќе години кога ги исклучуваше, велејќи “никој во општинската зграда нема и не смее да биде под видео надзор”, а имајќи го предвид тоа што градоначалникот во заминување пред извесно време во општинската зграда постави најсовремен видео надзор, спротивно од тоа што го ветуваше кога дојде на функција. До нас пристигнаа реакции од голем број прилично вознемирени граѓани на општината, кој се прашуваат кое е вистинско лице на градоначалникот и дали ваква слободна општина ветуваше пред да дојде на власт? – стои во писмената реакција на ОК ВМРО ДПМНЕ – Дебрца.
OhridNews












