СДСМ во очај затоа што ја губат централната власт користат очајнички потези со политички октроирани судски пресуди преку партизираното обвинителство и судство. Вака ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид, го коментира јавниот настан на претседателката на ОО СДСМ – Охрид Кристина Крлеска Деспотоска, која укажа на пресудата во случајот Талир 2, со која имотот на ВМРО ДПМНЕ, вклучително и тој на општинскиот комитет во Охрид, биле стекнати на незаконски начин и затоа се конфискуваат од државата.
Додека Крлеска-Деспотоска бега од медиуми и снима видеа пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, охриѓани се соочуваат со растечка инфлација и ценовни шокови, плаќаат повисока цена на струја, двојно повисока цена на колектор, поминаа 3000 дена од започнувањето на автопатот Кичево-Охрид, охридската болница остана без педијатри, затворениот базен никако да се изгради… И самата е свесна дека сите овие работи ја отсликуваат вистинската реалност на граѓаните преку стилот кој е својствен токму за СДСМ: сиромашен народ, потчинета држава, богата власт.- се вели во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ

Им порачуваме на СДСМ и Крлеска-Деспотоска дека ниту имотот, ниту пак зградата е ВМРО-ДПМНЕ, туку народот, каузата и идејата. Народот масовно на 18 јуни ќе ја навести катастрофата на СДСМ и големата народна казна на предвремените парламентарни избори. – порачуваат од ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.
OhridNews











