Раководството на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид и членови на партијата од градот, ќе се приклучат на протестот што за попладне го најави партијата во Скопје.

Како што информираат од ОК ВМРО ДПМНЕ, охриѓани на протестот ќе се приклучат подоцна во текот на денот.

Утрово по налог на Јавното обвинителство приведени се 36 лица за инцидентите во македонското собрание што се случија на 27-ми април. Меѓу приведените е поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, како и пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов од Охрид, како и повеќе учесници во толпата која упадна во парламентот. Повеќе медиуми утрово пренесоа дека меѓу приведените е и поранешниот директор на ФЗОМ Сашо Стефановски, но тој не е опфатен со акцијата и се наоѓа на слобода, затоа што не е поврзан со случајот.

OhridNews