ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод празникот 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.
Пред 30 години храбро и решително на 8 Септември 1991 година македонскиот народ го оствари вековниот стремеж за суверена и независна Република Македонија. Македонија и македонскиот народ најмалку заслужуваат антидржавни и антинационални политики преку тргување со највисоките државни и национални интереси. Борбата за Македонија никогаш не запира, а нашата генерација има аманет обнова на Македонија и Македонија за сите луѓе, се вели во честитката.
Македонија мора да ја направиме економски силна, здравствено сигурна и развиена држава, додека пак Охрид подобро и попријатно место за живеење на сите. Честит и вековит 8 Септември – Денот на независнота на Македонија! Силна и вечна Македонија!- се вели во честитката од ОК Вмро Дпмне Охрид.
Честитка по повод денот на независноста упати и Д-р Кирил Пецаков, пратеник и кандидат за градоначалник на Охрид.
Република Македонија денеска одбележува 30 години самостојност и независност по спроведениот референдум на 8 септември 1991 година. Цврсто сум убеден и верувам дека токму денеска сите заедно Република Македонија ја чувствуваме како своја татковина без разлика дали сме Македонци, Турци, Срби, Албанци, Роми, Власи, Еѓипќани, Бошњаци, Евреи и сите останати сограѓани. Сега е вистинското време за промени на подобро и да покажеме со дела и работа колкава е љубовта кон нашата Македонија и нашиот Охрид. Време е за Македонија за сите луѓе и време е за подобар Охрид, вели Пецаков.
Нека е вечен споменот на сите македонски родољупци! Честит и вековит 8 Септември – Денот на независнота на Македонија! Среќен роденден Татковино! -додава Пецаков во честитката по повод 8ми Септември.
OhridNews













