СДСМ дефинитивно се наоѓа во офсајд-позиција. Нивниот вчерашен несериозен настап, насловен како пресс на ОО на СДСМ, предизвикува чувство на нелогичност и тотално испревртени констатации, кои се збунувачки за граѓаните на Охрид.-стои во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ, на изнесените ставови на најголемата опозциска партија во Охрид.
„Вчера СДСМ од Охрид беа фатени во сопствена замка. Личностите кои ги изгласаа сите можни штетни урбанистички решенија во Охрид, од што и профитираа, обвинуваат за недоследност и непринципиелност. ВМРО ДПМНЕ стои на своите ставови за кои се бореше и се бори во контекст на урбанизацијата на Охрид и никогаш не изгласала ниту ќе изгласа ДУП-ови спротивни на Законот за Охрид и спротивни на интересите на градот и граѓаните. ВМРО ДПМНЕ ќе донесува ДУП-ови секаде каде што тоа е потребно и тие мора да се донесат во согласност со законите и со прописи кои се дефинирани во рамките на законот.“- се вели во сооптението.
Според ВМРО ДПМНЕ новиот претседател на СДСМ е длабоко инволвиран во урбаното дивеење во Охрид изминативе години и се обидува со погрешно прејудицирање да се амнестира себеси и партијата која ја претставува, со цел да прикаже пред јавноста дека ВМРО ДПМНЕ е непринципиелна во своите ставови.
„Тоа е истиот оној поранешен заменик градоначалник кој убедуваше дека локалната власт на СДСМ водела исправна политика, истиот кој тврдеше дека општина Охрид не генерира нови долгови, истиот кој тврдеше дека Јавните претпријатија одлично работат. Лицемерието и лагите на СДСМ нити поминале, нити ќе поминат пред охриѓани, а луѓето кои сега го водат СДСМ се континуитет на истите политики кои за генерации го задолжија и уназадија Охрид.“-се наведува во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.
OhridNews
СДСМ Охрид: Опозицијата да не биде алиби за повлкување точки од дневниот ред