Членовите на ВМРО ДПМНЕ , една минута по полноќ го одбележаа почетокот на изборната кампања пред седиштето на општинскиот комитет.

На денешната прес конференција, портпаролот, Јованчо Секулоски, истакна дека основните цели на ВМРО ДПМНЕ се на овие избори да се добие легитимен претседател на државата, легитимен градоначалник на Охрид и мнозинство советници од оваа партија во општинскиот совет.

„Цел над сите цели на овие избори е Македонија да го продолжи успешниот од кон евроатлантските интеграции. За нас изборите се празник на демократијата, гласот на народот врвна волја и затоа ги повикуваме нашите политички конкуренти на фер и демократски избори без ниту едно црно петно кое ќе фрли сенка на овој демократски процес“, подвлече Секулоски.

Тој најави дека во рамки на предизборната кампања, кандидатот за претседател Ѓорѓе Иванов денеска од 17 часот ќе има средби со граѓаните во Велгошти, по што ќе говори на големиот митинг на плоштадот во Охрид.











