
-За таа цел го охрабруваме светиот синод на МПЦ да продолжи да разговара со сите православни цркви, особено со оние кој вистински сакаат да помогнат во признавањето на МПЦ, а тоа во моментов е Бугарската Православна Црква.
Нашиот апел до двете православни и сестрински цркви и до нивните великодостојници е да го искористат овој историски момент и да си подадат рака и со тоа ќе покажат зрелост и мудрост, а истовремено ќе придонесат кон приближување и помирување и на другите православни цркви во регионов.
Имено, не можеме да ги разбереме напорите на поединци и одредени медиуми кој со сите сили работат овај историски договор да не успее. Уште еднаш го повикуваме владиката Повардарски Агатангел, повеќе да се посвети на учење на верата и љубовта помеѓу христијаните, а во иднина кога ќе се појави во јавност ставовите кој ги изнесува барем да бидат негови, не ментор и нарачател да биде Илија Димовски. Од такви ментори кој беа на власт единаесет години видовме до каде ја донесоа Македонија и Македонската Православна Црква.- се вели во соопштението на ВМРО НП.
OhridNews











