Вечерва околу 240 приговори стигнале до Државната изборна комисија за вториот круг од локалните избори одржан во неделата.

ДИК е должна во рок од 48 часа по приемот на приговорот да донесе одлука за приговорот, а подносителот на приговорот по кој одлучувала комисијата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа по приемот на решението. Управниот суд треба да донесе одлука во рок од 48 по приемот на тужбата. Одлуките на судот се конечни.
Инаку, рокот за поднесување приговори до Државната изборна комисија за вториот круг од локалните избори, истече вечерва во 19 часот.
OhridNews
					



							






