Група од околу 300 фудбалски навивачи се собраа денеска пред седиштето на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ), за да го изразат својот револт од слабите резултати на репрезентацијата.

Со скандирање „ФФМ мафија“ и „бандо криминална“, групата побара оставка од актуелното фудбалско раководство и од првиот човек на ФФМ, Харалампие Хаџиристески.

На ваков чекор навивачите се одлучија по поразот на националниот тим од Луксембург во пријателскиот натпревар што се одигра пред една недела и поради константниот пад на рејтингот на македонскиот фудбал.

Токму денеска и ФИФА ја објави најновата ранг листа, на која Македонија се најде на 102 место.

Навивачите беа организирани преку социјалната мрежа Фејсбук, а протестот го обезбедува поголем број припадници на полицијата.

“макфакс“
Ohridnews