Охридската градинка со скоро 99 проценти на вакциниран персонал. Директорката на градинката „Јасна Ристеска“, Мери Рилкова вели дека песоналот од градинката веднаш по вакцинирањето на здравствените работници, значи во втората фаза беше опфатен со вакцинијата.

Скоро 99% од негователките и стручни работници кои работата со децата се вакцинирани, остантиот процент е лица кај кои треба ревакцинација. Охрид е град со најголем процент на вакцинирани лица вработени во градинката што секако е важен сегмент како за сопственото здравје, така и за здравјето на децата кои се згрижени во градинката – додава Рилкова.

Засега сеуште важат препораки за згрижување на 20 деца во една група на возраст од 2 до 6 години, и  15 деца на возраст од 0 до 5 години. Во очекување сме на новите препораки кои треба да ги добиеме од Министерството за труд и социјална политика во однос на згрижувањето на децата од септември, како и дали ќе има и дневен престој додава Рилкова.

Од Минситерството за труд и социјална политика информираат дека досега се вакцинирани речиси 60 проценти од вработените во градинките во државава.

Апелираме и останатите 40 проценти на воспитувачи, негуватели и технички персонал да се вакцинираат за да може да биде обезбеден безгрижен престој на децата. Само така градинките по завршувањето на летниот период ќе можат да работат со полн капацитет велат од министерството.

Вработените во градинките во изминатиот период покажаа високо ниво на одговорност и професионалност и преку целосно почитување на Протоколот за заштита не дозволија внатрешно ширење на вирусот Ковид-19 се додава во соопштението од Министертвото за труд и социјална политика.

 

Н.С.Ј