Србинот Новак Ѓоковиќ нема да игра на ниту еден турнир до почетокот на третиот грен слем во сезоната, Вимболдон.

Водечкиот тенисер на АТП листата ниту во својот официјален распоред нема ставено ниту еден што му претходи на Вимболдон. Британските медиуми денес пишуваат дека српскиот тенисер нема да побара „специјална покана“ за настап на турнирот во Хале или во Квинс.

Инаку ова не е некое големо изненадување, бидејќи во минатото Ѓоковиќ знаел да и пропушти турнирите пред Вимболдон. Лани, поради лошата форма во која се наоѓаше тој играше во Квинс и стигна до финалето.

На турнирите што му претходат на Вимболдон нема да учествува ниту вториот светскиот рекет Рафаел Надал. Неофицијалното светско првенство во тенис, како што го нарекуваат Вимболдон ќе започне на 1 јули и ќе трае две недели.

OhridNews