Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги комплетираше четвртфиналистите на австралискиот грен слем турнир. Ѓоковиќ во 1/8 финалето го совлада Русинот Данил Медведев во четири сетови (6-4, 6-7, 6-2, 6-3).

31-годишниот тенисер на противникот му дозволи еден сет во три и пол часовна битка. Ѓоковиќ поведе со 1-0, а Русинот изедначи 1-1. Во следните два сетови српскиот тенисер не дозволи изненадувања покажувајќи го својот квалитет и го реши победникот.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со Јапонецот Кеи Нишикори, додека другите во четвртфинални дуели ќе се сретнат Баутиста – Циципас, Тиафое – Надал, Раониќ – Поули.

OhridNews