Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ со лесна и рутинска победа го започна завршниот турнир во Лондон. Српскиот тенисер во два сетови (6-4, 6-3) за 73 минути игра го преслуша Џон Изнер.

Ѓоковиќ кој е носител во групата првиот сет го „скрши“ во петтиот гем кога направи брејк. До крајот не изгуби гем на свој сервис и поведе со 1-0 во сетови. Во вториот сет клучни беа седмиот и деветтиот гем. Ѓоковиќ тогаш направи брејкови и го реши мечот.

На трибините во Лондон имаше неколку познати личности од спортот, шоу бизнисот и културата, а најмногу внимание привлече Кристијано Роналдо, кој беше во друштво на поубавата половина Георгина Родригез и најголемиот син Кристијано Роналдо Јуниор.

Мечевите од втората рунда во фазата по групи на завршниот турнир почнуваат денеска, а силите ќе ги одмерат Андерсон – Нишикори односно Федерер – Тим.

OhridNews