Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е вториот патник во големото финале на најстариот грен слем турнир Вимболдон, откако во маратонското полуфинале кое траеше два дена го совлада ривалот Рафа Надал во пет сетови (6-4, 3-6, 7-6, 3-6, 10-8).

Пресметката во полуфинале започна вчера, а прекината беше поради пробивањето на последниот термин (23 часот) за играње тенис на Вимболдон. Во моментот на прекинот Ѓоковиќ имаше водство 2-1 во сетови.

Четвртиот сет помина во знакот на Надал кој успеа да изедначи 2-2. Шпанецот поведе со 3-0, но Ѓоковиќ возврати со иста мера за егал. Надал и покрај налетот на Ѓоковиќ не потклекна и со нови три добиени сетови дојде до 6-3 и изедначување.

Во петтиот сет победникот го одлучи брејкот во 18-от гем. Почетокот, наговестуваше изедначена игра, бидејќи секој на свој сервис лесно победуваше. Надал, еднаш успеа да спаси меч топка, а Ѓоковиќ ја искористи втората и после пет часови и 21 минути игра обезбеди пласман во финалето. Таму за ривал ќе има Кевин Андерсен кој на идентичен начин со победа во пет сетови го совлада Иснер во првата полуфинална пресметка.

Машкото финале се игра в недела во 15 часот, а денеска на програмата е финалето во женска конкуренција.

OhridNews