Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третата рунда од австралискиот грен слем турнир победувајќи Французинот Жо Вилфред Цонга со 3-0 во сетови (6-3, 7-5, 6-4).

Ѓоковиќ одговор за отпорот на Цонга најде во шестиот гем кој го доби на сервис од противникот за водство 4-2. Претходно и двајцата тенисери освоија по еден сервис на противнички сервис. Во вториот сет српскиот тенисер во 11 гем направи брејк и го презеде водството 6-5 и на свој сервис го зголеми водството на 2-0. Во петтиот гем од третиот сет Ѓоковиќ повторно освои противнички сервис, а на свој не погреши и го финишираше дуелот со Цонга.

Ривалството помеѓу овие двајца тенисери трае повеќе од една деценија. Ѓоковиќ во 2008 година го совлада Цонга во финалето на Австралија Опен со 3-1 во сетови и ја освои првата од шесте титули.

Во четвтата рунда Ѓоковиќ ќе се сретне со канадскиот тенисер Денис Шапалов.

OhridNews