Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше на турнирот во Мадрид. Најдобриот тенисер во светот до титулата стигна победувајќи го грчкиот тенисер Стефанос Циципас во два сетови (6-3 и 6-4).
Ѓоковиќ до титулата во Мадрид стигна со одлична игра во текот на целиот турнир. Србинот не изгуби ниту еден сет до финалето, а и таму ја потврди добрата форма совладувајќи го Циципас, кој со елиминацијата на Рафа Надал покажа дека може да се носи со големи противници.
Со третата титула од турнирот во Мадрид, Ѓоковиќ се изедначи со Надал на вечната листа на освојувачи на титули од мастерсите. Двајцата тенисери имаат по 33 титули.
Младиот фудбалер на ГФК Охрид Лихнидос, Виктор Грданоски, доби повик во репрезентацијата на Македонија до 15 години Виктор ќе биде дел од националниот тим на пријателските натпревари против селекци...
Макс Верстапен со Ред Бул победи на денешната трка за Големата награда на Лас Вегас во Формула 1, по неизвесна борба со возачите на Мерцедес и Мекларен Холанѓанецот низ целта мина со само 0,639 сек...
ГРК Охрид денес и утре во СРЦ „Билјанини извори“ ќе го одигра двомечот со литвански Драгунас Клаипеда во рамки на третото коло од ЕХФ Европскиот куп Ракометарите се надеваат на победа во двата натп...