
Навреден затоа што Цаноски ја пресече црвената лента, струшкиот градоначалник ги сопре вентилите од горнобеличките извори од каде треба да потече водата во новиот водовод во кој државата вложи 7,5 милиони денари. Тоа не го спречи Цаноски да доненесе шарена чешма во центарот на Октиси од која тој и присутните на свеченоста пиеја вода. Но, чешмата вчера ја немаше на истото место, а градоначалникот Мерко тврди дека свеченоста била фарса и дека вода од новиот водовод во Октиси не е пуштена.

Тој најави дека новиот водовод во употреба ќе го пуштат локалната самоуправа и Министерството за транспоорт кога ќе се создадат услови за тоа и го обвини пратеникот Цаноски дека со своето однесување ги ставил во заложништво жителите на Октиси.
Фијат Цаноски вели дека новиот водовод веќе е пуштен во употреба и нема потреба градоначалникот на Струга да доаѓа во Октиси, затоа што не е пожелен.

Тој додаде дека Мерко не е добредојден и во многу други села во струшко, бидејќи како што рече „тој за нас е нелигитимен градоначалник и прави големи опструкции на граѓаните од овие села“
И додека политичките ривали жестоко се препукуваат, жителети на Октиси мака мачат со водата за пиење, бидејќи стариот водовод ни оддалеку не ги задоволува потребите на едно од најголемите населени места во струшко. Тие се револтирани од однесувањето на политичарите, кои како што велат, наместо да решаваат, создаваат проблеми.

Октишани очекуваат народните избраници сериозно да се однесуваат кон проблемот со водоснабдувањето на селото и да не ја користат нивната мака за евтини политички поени.












