Не очекува тежок натпревар на гостување во Кавадарци. Тиквеш е доста квалитетна екипа, играат доста агресивно на домашен терен, вели ракометарот на ГРК Охрид, Гоце Олјески.

Ние се подготвуваме најдобро што можеме, мислам дека имаме шанси. Можеби фаворитската улога е кај нив затоа што играат на домашен терен, меѓутоа и ние имаме свои шанси. Ќе се подготвиме најдобро што можеме да направиме еден позитивен резултат, додава Олјески.

Натпреварот се игра во сабота, 6 април, со почеток во 18 часот во салата „Јасмин“ во Kавадарци.

OhridNews