Вечерва во Виница втора година по ред ќе се одржи Македонскиот all -star  натпревар.И покрај тоа што се најдоа на петтото место на табелата во Првата лига, на паркетот во Виница АМАК СП нема да има ниту еден преставник.

Учесниците на Ол – Старот ги бираа медиумите (25 %) ,тренерите на екипите (25 %) , како и посетителите на официјалниот веб сајт на федерацијата www.basketball.org.mk (50%) .

На листата предложени кошаркари од тимот на АМАК СП се најдоа Фрај, О`Нил, Тасески, Вегов, Стефаноски како и браќата Дамјан и Војдан Стојаноски .


ќе недостигаат неговите атракции – Џарид Фрај
Настап на турниот според освоените гласови обезбедија Фрај и О`Нил, но поради католичкиот Божиќ тие не се во земјава и го откажаа своето учество.
Настанот ќе биде поделен на две дела.

Според програмата, во 15 часот е предвиден дуелот меѓу женската репрезентација на Македонија (под 18 години) и селекцијата на Вардар Осигурување Прва лига. На полувремето од овој натпревар е предвиден првиот дел од натпреварувањето во шутирање за три поени, а во 17 часот големото финале. Еден час подоцна стартува главниот настан, Ол стар натпреварот, а на полувремето ќе се појават најдобрите во натпреварот во забивање.

За Сава Табак Ол Стар Тимот кој ќе биде воден од тренерот на Струмица 2005, Јорданчо Давитков, а ќе е составен од странски кошаркари ќе настапат:

СТАРТЕРИ

Иван Бошњак (Струмица ), Владимир Поповиќ (Фени Инд), Ненад Зивчевиќ (Ф.Работнички), Перо Антиќ (Лукоил Академик), Миљан Пуповиќ (Струмица ).

РЕЗЕРВИ
Милан Прековиќ (Фени Инд.),Милан Миљковиќ (С. Пелистер),Немања Мариќ (Вардар О.), Владимир Филиповиќ (Ф. Работнички), Милош Пејановиќ (С. Пелистер), Бојан Поповиќ (С. Пелистер), Бошко Јововиќ (Фени Инд.).

За Хипо Лизинг Ол Стар Тимот на клупата  ќе биде првиот човек на есенскиот шампион Фени Индустри, Емил Рајковиќ. За тимот составен од домашни кошаркари  ќе настапат:

СТАРТЕРИ

Јане Петровски (МЗТ Скопје), Ефтим Богоев (Струмица , Диме Тасовски (Струмица ), Младен Ѓуроски (МЗТ Скопје) и Златко Гоцевски (Фени Инд.).

РЕЗЕРВИ
Димитар Мираковски (Ф. Работнички), Дарко Соколов (Струмица), Горан Самарџиев (Фени Инд.), Марјан Ѓуров (Фени Инд.) , Мухамед Тачи (МЗТ Скопје), Ѓорѓи Талевски (С.Пелистер), Кирил Николовски (МЗТ Скопје).

Во ревијалниот дел ќе има натпревар во шутирање на тројки , како и натпревар во забивање .

Во Сава Табак натпреварот во шутирање на тројки ќе учествуваат :

Ристе Стефанов (Лукоил Академик), Диме Тасовски (Струмица ), Горан Самарџиев (Фени Инди), Димитар Мираковски (Ф. Работнички),  Владимир Дујовиќ (С.Пелистер),  Владимир Поповиќ (Фени Инд.)

ќе ја брани титулата во “забивање“ – Перо Антиќ
Во Хипо Лизинг натпреварот за забивање  ќе  учествуваат:

Перо Антиќ (Лукоил Академик), Бојан Атанасоски (МЗТ Скопје), Бојан Крстевски (Вардар Центар), Бојан Поповиќ (С. Пелистер), Христијан Ристов (Ангели), Петар Апцев (С. Пелистер).