Забивањата и тројките имаат нови владетели, откако старите не го одбранија тронот на Ол старот кој се одржува во Њу Орлеанс.
Нов „крал“ на забивањата е Глен Робинсон Трети. Во финалето Робинсон го совлада Дерик Џонс јуниор на поени со 94-87. Победничкото забивање на кошаркарот од Индијана беше преку тројца луѓе.
Во фрлањето тројки победи Ерик Гордон. Бекот на Хјустон приматот го презеде од Клеј Томпсон кој потфрли во полуфиналето и не се избори за дуел со кој ќе одбранеше тронот.
Во финалната вечер од Ол стар викендот во Њу Орлеанс ќе се одигра натпреварот меѓу исток и запад со кој ќе се затвори годинешното издание.
OhridNews