Звездите од западот блеснаа и ги победија источните со 192-181 на завршниот натпревар од Ол стар викендот кој се одржуваше во Њу Орлеанс.


Најдобрите кошаркари во НБА лигата со 374-те поени срушија рекорд во вкупен број постигнати кошеви на еден Ол стар натпревар.


Наградата за најкорисен играч му припадна на Ентони Дејвис кој реализираше 52 кошеви, најмногу на еден кошаркар во поновата историја.


Западот со третиот триумф по ред стигна до 29-та победа вкупно, а истокот се уште е во предност со 37-те победи.

OhridNews