Екипата составена од ѕвездите од светот славеа триумф 150-141 над американските ѕвезди во натпреварот кој означува почеток на Ол стар викендот во НБА лигата.
Награда МВП за најкорисен играч му припадна на Џемал Мареј од Канада кој уфрли 36 поени. Добар учинок имаа балканците Никола Јокиќ и Дарио Шариќ кои постигнаа 12 односно 17 поени.
Вечерва после полноќ на програмата на Ол старот се забивањата, тројките и вештините со топка, а завршува со мечот во кој ќе се сретнат најголемите ѕвезди од НБА лигата.
OhridNews