Чекањето на вистинските вљубеници во фудбалот за „Олд Фирм“ дербито заврши откако на 17 април во 1/2 финалето од шкотскиот Лига куп меѓусебен меч закажаа лутите ривали Селтик и Глазгов Ренџерс.


Двата „смртни“ непријатели од Глазгов меч меѓу себе немаат одиграно од 2011/12 сезоната кога „полицајците“ испаднаа во петтата лига поради банкрот.

Најстарото дерби во светот на фудбалот ќе се одигра на стадионот од Глазгов Ренџерс „Ајброкс“, а интерес за картите има голем на месец и половина од градската пресметка.


„Зелено белиот“ и „синиот“ дел од градот по 401-от пат спортски ќе завојуваат и ќе привлечат вниманието на светската јавност.

Во меѓусебните пресметки „сините“ имаат подобар скор од 159 победи додека „детелините“ имаат 146, а 96 натпревар завршиле без победник.


Другата полуфинална двојка во шкотскиот Лига куп ја сочинуваат Данди Јунајтед и победникот од дуелот меѓу Хибернијан – Инвернес.

OhridNews