Манчестер Јунајтед продолжи со „топло-ладно“ игрите сезонава, освојуваќи само еден бод на домашен терен против Вест Хем после ремито (1-1) на Олд Трафорд.


„Црвените ѓаволи“ ја повторија играта од дуелот со Феенорд во Лигата на Европа, но не и реализацијата во нападот кој не искористи 4-5 изгледни прилики за погодок.

„Чеканите“ во првиот напад од првата закана кон голот на домаќините во мечот поведоа со 1-0. Стрелец на голот беше Дифра Сако.


Во 20-та минута Златан Ибрахимовиќ изедначи 1-1 по одличната асистенција на Пол Погба. После изедначувачкиот погодок „ѓаволите“ нападнаа, но Рендолф ги скроти ударите на Лингард и Рашфорд.


Во вториот дел одново домаќините нападнаа, голот на Рендолф пробаа да го загрозат ново влезените Руни и Мхтаријан, но безуспешно.

Ремито со Вест Хем е четврто во серија за Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд, нешто што на клубот му се нема случено повеќе од 30 години.

Резултати: Ватфорд – Стоук 0-1, Арсенал – Бурнмаут 3-1, Манчестер Јунајтед – Вест Хем 1-1, Саутемптон – Евертон 1-0.

OhridNews