Натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Сандерленд пред почетокот побуди големо внимание не поради ривалството или местата на табелата на екипите, туку поради Дејвид Мојс кој за прв пат се појави на Олд Трафорд по неуспешната авантура во клубот.


Навивачите не реагираа специјално или пак негативно по појавувањето на Мојс на тревникот на Олд Трафорд, едноставно го „искулираа“ менаџерот кој ја води екипата на Сандерленд.

Шкотскиот стручњак во Манчестер Јунајтед го наследи Сер Алекс Фергусон, но неговиот престој траеше само 265 дена, откако управата го раскина неговиот договор четири мечеви пред крајот на сезоната.

Мојс, во најавата на овој дуел за неуспесите на клупата ја обвини управата, која ветила доста нови фудбалери, а ги доведе Маруане Фелаини во август и Хуан Мата во јануари.


Сегашниот тренер на „црните мачки“, Олд Трафорд го напушти со скор од 25 победи, 10 нерешени средби и 15 порази и со епитет како голема менаџерска грешка на Фергусон кој го предложи за негова замена.

OhridNews