Екипата на Манчестер Јунајтед прави сериозни планови за зголемување на столчињата на Олд Трафорд кој моментално собира 75 811 гледачи.
„Црвените ѓаволи“ сакаат да го прошират стадионот за 13 000 столчиња со кои ќе се искачи капацитетот на вкупно 88 000.
Моментално домот на „бебињата“ е деветти стадион по капацитет во Европа, а после проширувањето ќе се искачи на третата позиција. Пред него ќе бидат само Ноу Камп кој собира 99 354 и Вембли со капацитет од 90 000 гледачи.
Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд игра од самото оформување, а како растеше клубот така се зголемуваше и капацитетот на стадионот.
Иако „црвените ѓаволи“ не бележат најдобри резултати последниве години нивната популарност на светскиот пазар не се намалува.
OhridNews