Дваесеткратниот англиски првак Манчестер Јунајтед ќе биде последен клуб за холандскиот стручњак Луис ван Гал во богатата тренерска кариера.


Тој со клубот од Олд Трафорд потпиша три годишен договор, а после тоа тој за англиските медиуми изјави дека се повлекува од фудбалот.

– Веќе сум во години и работата во Манчестер е последна за мене. Морам да обрнам внимание на моите деца и внуци, а исто така и мојата сопруга. Тие го заслужуваат тоа бидејќи во текот на мојата секогаш ми даваа несебична поддршка. – рече Ван Гал.

Во богата кариера Ван Гал имал забележителни успеси со Ајакс, Барселона, АЗ Алкмар, но најголемиот предизвик го има пред крајот да ги врати „ѓаволите“ на шампионските патеки.

– Јунајтед ми е можеби најголем предизвик во кариерата. Многу е важно што тие имаат победнички менталитет и не треба дополнително да работиме на тоа. Следната сезона очекувам многу посилен Јунајтед, а оваа се си оди според планираното со мали падови во формата во одредени натпревари. – додаде Ван Гал.

Многу работи околу пласманот на табелата „бебињата“ можат да решат викендов со победат над Ливерпул на Енфилд во дербито на колот.

Мх.П.