Ротари клубот „Охрид“, вчеравечер, во хотел „Два Бисера“, пред традиционалната летна пауза, го одржа последниот редовен состанок за оваа ротаријанска година.
На состанокот освен што стана збор за активностите и настаните кои беа превземени и на кои се работеше во ротаријанска година која изминува, се изврши и примопредавање на претседателската функција, со што сегашниот претседател на клубот Драги Здравески, во присуство на членовите на клубот, свечено му го предаде Ротаријанскиот ланец, заедно со инсигниите на идниот претседател Олег Маленко кој ќе го превземе мандатот и претседателството на клубот за идната ротаријанска година, велат од клубот.
Претседателот Драги Здравески пред присутните се заблагодари за довербата и изрази чест и задоволство за досегашното раководење со клубот, среќен што раководството го презема Олег Маленко, кој исто така ја изрази својата силна волја за понатамошно успешно работење на клубот и оставање на неизбришливи траги од успешното егзистирање на клубот во нашата заедница и пошироко.

OhridNews
















