Олеснето плаќање и увид во неплатените месечните сметки и фактури овозможува електронската платформа на ЈП Охридски Комуналец, каде корисниците имаат можност за онлајн плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија.

Со оваа услуга корисниците имаат увид во неплатените месечните сметки и фактури и брзо, лесно и сигурно можат истите да ги платат. Корисникот треба да креира кориснички профил на web-страната www.eohridskikomunalec.com.mk (на копчето „РЕГИСТРИРАЈ СЕ“) каде се внесува шифрата на корисник испечатена на сметката или фактурата: за физички лица шифрата се состои од 7-цифрен број и за правни лица шифрата се состои од почетна буква и 4-цифрен број (се внесува со кирилична поддршка пр. Ф9876), информираат од претпријатието.

Доколку корисникот сака да има увид во повеќе свои објекти во шифра на корисник се внесуваат шифрите разделени со запирка, а прегледот на неплатени сметки и фактури е даден по објекти, додаваат од ЈП Охридски Комуналец.

Воедно потенцираат дека услугата е достапна 24/7 па на тој начин се избегнува закаснетото плаќање и се избегнуваат каматите, а се заштедува време и енергија.

OhridNews