Со измените се укинува и рокот на секои пет години да се добиваат овластувањата. Ветеринарната амбуланта ќе стекнува таква можност веднаш, од моментот на нејзиното основање, објасни на денешната прес- конференција портпаролот на владата на РМ, Александар Ѓорѓиев.
Се олеснува и излезот и влезот на домашните миленичиња.
– Досега милениче можеше да се изнесе или внесе во државата само на девет од 18 гранични премини и тоа во присуство на ветеринар. Сега на сите 19 ќе биде oвозможeно, затоа што проверката ќе ја вршат и цариниците обучени за проверка на документите, пасоши за животни и уверение за здравствена состојба, истакна Ѓорѓиев.